Ковачевски на МЕФ 2022: ЕСМ паралелно функционира на две траси-обезбедување електрична енергија во криза и инвестирање во обновливи извори

Од:

Европската енергетска криза ги остежнува активностите од зеленото сценарио, и во Европа и кај нас, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на енергетската конференцијата МЕФ 2022 во Охрид.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на панелот „Нови пристапи во постигнувањето на целта за нет-зеро”, Ковачевски порача дека АД ЕСМ паралелно функционира на две траси, односно работи на стабилно обезбедување и испорачување електрична енергија за граѓаните, и истовремено работи на изградба на електрани на обновливи извори и спроведување на зелената агенда.

„АД ЕСМ продолжи со инвестициите во обновливи извори и покрај енергетската криза. Токму првата фотонапонска електрана Осломеј-1 е изградена во текот на ковид кризата и енергетската криза, во исклучително тешки услови за работење, и таа електрана веќе произведува електрична енергија од сонце. Обезбедивме финансирање и за ФЕ Битола-1 од 20MW и ФЕ Осломеј-2 од 10MW. Имаме и други проекти за обновливи извори во подготовка, со кои имаме намера да со замениме производството од јаглен, додека базната енергија би се обезбедувала од електрани на гас, и од хидроелектраната Чебрен, кој проект исто така посветено го водиме”- изјави директорот Ковачевски.

Ковачевски потенцира дека сите држави доживеаја последици од енергетската криза врз нивните програми за намалување на емисиите во атмосферата и спроведувањето на активности кон зеленото сценарио, а причините за тоа се големите финансиски средства кои енергетската криза ги побаруваше од државните буџети.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите

Започна ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола

Ана Ололовска

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

АД ЕСМ и понатаму продава ноќни вишоци на енергија: Ги повикуваме субјектите на кои им е потребна да се пријавуваат

Ана Ололовска

Регионалната соработка за справување со енергетската криза ќе се спроведува преку АД ЕСМ

Ана Ололовска

АД ЕСМ: Да штедиме електрична енергија, за да имаме побезбедна зима