(ВИДЕО) Костадиновски: СДСМ спроведува елитистичка политика во земјоделието

Од:

Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека Заев од опозиција ветувал живот, а од позиција на премиер кажува дека нема да има субвенции за оние земјоделци кои нема да остварат поголемо производство од претходната година.

– Јавноста може да види дека Заев не го интересираат земјоделците, ниту пак некогаш мислел за нивно добро, тој само ги манипулирал во тек на избори, за да ги добие нивните гласови. Заев во интервју за една национална телевизија јавно кажа дека во моментов финишираат плановите за ефикасно субвенционирање. Ова значи крај за македонските земјоделци! Ова значи дека некои земјоделци кои макотрпно работат во текот на целата година и нивниот род биде уништен или намален од временска непогода, истите нема да можат да прикажат раст на производство и со тоа нема да можат добијат субвенции. Заев си поигрува со македонските земјоделци, и со нивната мака и со нивниот труд. Заев со кратењето на субвенциите ќе остави без основна егзистенција илјадници семејства чија единствена дејност е земјоделието, рече Костадиновски.

Тој рече дека Заев спроведува елитистичка политика во земјоделието и дека на удар на елитизмот се малите земјоделци кои треба да се откажат од дејноста бидејќи нема да можат да остварат профит.

– Со ова работи на создавање на неколку регионални земјопоседници и стопаственици, кои во своја сопственост ќе ја имаат целата земјоделска површина и од нив ќе зависи цената на пазарот, во такви услови малите земјоделци ќе бидат проголтани и нема да можат да опстанат. Заев дополнително најави дека нема да има субвенции за сите видови земјоделски култури, туку само за одредени. Овој чекор ќе предизвика целосно исчезнување на одредени култури од македонските полиња, смета Костадиновски.

Тој кажа дека СДСМ не им ги исплатила на време субвенциите на земјоделците, што предизвикало застој и несигурност и наместо ветените покачувања и поволности кои ги ветувале за време на изборите, крателе од буџетот за земјоделие.

– СДС со самото доаѓање на власт скрати 387 милиони денари од буџетот за земјоделие. СДС скрати 159 милиони денари за водостопанство, 128 милиони денари за капитални расходи и 100 милиони денари за рурален развој. СДС ветуваше интервентен фонд од 6 милиони евра, но интервентен фонд нема. СДС се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделието. Проектот млад земјоделец е проект воведен од ВМРО-ДПМНЕ и од 2012 година до 2016 година беше искористен од околу 300 млади земјоделци кои добија грант од 10.000 евра, рече Костадиновски.

Тој смета дека политиките кои СДСМ ги спроведува во земјоделието ќе го уништат македонското земјоделие.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија