Конференција за подготовката на програмата за економски реформи 2020-2022

Од:

Министерството за финансии, во рамки на економскиот дијалог на ЕУ со земјите од Западен Балкан и Турција организира конференција со цел да се дискутира подготовката на „Програмата за економски реформи 2020-2022“.

На конференцијата обраќања ќе имаат Драган Тевдовски, министер за финансии, Валтер Дефа, советник на Владата на Република Северна Македонија, Андреас Пападопулос, советник за економско управување, Европска Комисија, Саша Јазбец, државен секретар во Министерстото за финансии, Р. Словенија, Јана Репаншек, директор на Центар за извонредност во финансии, Љубљана.

На вториот дел, панел дискусија на тема: „Заеднички заклучоци од Економско – финансискиот дијалог за Програмата за економски реформи“ ќе учествуваат министерот Тевдовски, Анита Ангеловска – Бежоска, гувернер на Народната Банка, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Арбер Адеми, министер за образование и наука, Ѓонул Бајрактар, заменик – министер за труд и социјална политика и Фатон Сељами, заменик – министер за правда.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов