Конференција за одржливо рударство според канадските стандарди

Од:

Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Канада во Србија, денеска организира конференција на тема „Трилатерален дијалог за канадските стандарди за одржливо рударство“.

Целта на конференцијата е да се пренесат позитивните практики и стандарди за одржливо рударство од развиените земји, развој на рударските проекти за заемна корист на сите заинтересирани страни и постигнување отворен дијалог во однос на правниот аспект во процесот на донесување одлуки.

– Неодамнешните случувања во рударството покажаа потреба за развој на директната комуникација меѓу клучните чинители во секторот. Позитивното влијание на рударските проекти за зајакнување на економијата на Македонија од една страна, како и почитувањето на животните стандарди на граѓаните и заштита на животната средина, од друга страна, треба да се пренесат преку едукативен и фактички дијалог, смета Комората.

На конференцијата се најавени обраќања на амбасадорката на Канада во Србија задолжена за Македонија Кати Чаба, како и на високи владини претставници.

Би можело да ве интересира

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

ССЕРИ: Бесправно ни се стопирани паричните текови од страна на АД ЕСМ

Ана Ололовска

Бектеши контра Асоцијацијата за рударство, најважно е здравјето и безбедноста на граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска: Рударите добиваат бенифициран стаж

Ана Ололовска

Усвоени законските измени, рударите ќе се пензионираат со навршен пензиски стаж

Ана Ололовска

„Бучим“ доби дзовола за експлоатација на новото рудно тело „Боров дол“

Ана Ололовска