Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск отпушта 10 отсто од вработените

Од:

Kомпанијата на Илон Маск, Спејс Екс (Space X) соопшти дека отпушта 10 отсто од вработените односно околу 6.000 луѓе поради потребата да се намали работната сила.

– Таоа беше многу тешка одлука, се вели во е-маил што на вработените им го упати претседателката на компанијата Гвејн Шотвел известувајќи ги за отказите.

Во пораката таа нагласува дека компанијата на отпуштените работници ќе им обезбеди двомесечни плати и други социјални давачки, објави Лос Анџелес Тајмс.

– За да продолжи да задовoлува потреби на свои клиенти и успешно да развива вселенски бродови и глобален интернет базиран во вселената, компанијата Спејс Екс мора да го намали бројот на вработени, објаснува Шотвел во писмото до вработените. Весникот додава дека таа компанија и претходно повремено намалувала број на вработени.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски