Компаниите кориснички на средства од Ковид 1 имаат можност да побараат грејс период од три месеци, почнува примената на мерките од 4 пакет

Од:

Компаниите што се корисниците на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1 имаат можност да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за три месеци.

Спред Јавниот повик објавен на веб страницата на Развојната банка на Северна Македонија барањата може да се поднесат најдоцна до 14 октомври 2020 година.

Со оваа мерка, на постоечките корисници на кредитни линии од Развојната банка ќе им бидат обезбедени дополнителни три3месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.

– Ова е прва од мерките од четвртиот пакет економски мерки која почнува да се реализира. Државата е партнер на стопанството и граѓаните, ова зголемување на грејс периодот за отплата на кредитите од Ковид 1 ќе им даде дополнителна ликвидност на корисниците во овој последен квартал од годината за пребродување на кризата, стои во објава на ФБ на Министерството за финансии.

Бескаматната кредитна линија Ковид 1 на РБРСМ во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителстката, транспортната и туристичката дејност.

– Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат 6509 лица. Од нив, 77 отсто беа микро, 21 отсто мали компании, а два отсто средни компании, стои во објавата.

Би можело да ве интересира

Нова кредитна линија на Развојната банка наменета за компании за дигитализација и дигитална трансформација

10 милиони евра докапитализација на Развојна банка од страна на државата, наменети за поддршка на домашните компании за справување со ефектите од енергетската и ценовната криза

Ана Ололовска

Нови 42,2 милиони евра пласирани кон домашните компании преку Развојната банка

А1он

Именувани нови членови на Надзорниот одбор на Развојната банка

Ана Ололовска

Развојна банка: 11 декември краен рок за поднесување на барање за дополнителен грејс-период за „Ковид 3“ кредитната линија

Ана Ололовска

Објавен јавен повик за корисниците на „Ковид 3“ кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

А1он