Кока-Кола ја напушта Грција

Од:

Компанијата “Кока-Кола Хеленик Ботлинг” (Coca-Cola Hellenic Bottling, HBC), главна Европска филијала на американската групација, втора по големина компанија во светот за флаширање на “кока-кола”, ја сели својата управа од Атина во Швајцарија и во иднина ќе продолжи да тргува на берзата во Лондон.

Седиштето на “Извршниот одбор на групацијата ќе биде во Швајцарија, од каде што ќе се управува” соопшти денеска генералниот директор Димитрис Лоис.

“Ние сме грчка мултинационална компанија со седиште во Швајцарија”, им рече Лоис новинарите.

HBC, која сега држи 22 отсто од пазарот на капитал на Атинската берза, даде понуда за размена на акциите со компанијата “Кока-Кола АГ” неодамна формирана во Швајцарија, со цел да се олесни влезот во индексот на Лондонската берза ФТСЕ-100, соопшти компанијата во Атина и Лондон.

Директорот Лоис изјави дека овој потег ќе нема “никакво влијание” на фискалниот план, и дека мотивот е потрага по “поголема флексибилност за да се соберат средства” за HBC, пред која се две големи плаќања во годините што доаѓаат.

“Нашата цел е да влеземе во ФТСЕ-100”, изјави генералниот менаџер наведувајќи дека групацијата, која веќе се котира во Лондон, сега е 69-та по големина индустриска групација на Британската берза.

HBC уверува во соопштението дека “ќе продолжи да ги произведува и дистрибуира своите производи во Грција” и “по завршувањето на трансакцијата ќе продолжи да управува со Корпоративниот сервисен центар на групата која ја поддржува дистрибуцијата на производите на Кока-Кола во 28 земји.”

Во текот на 2010 и 2011.година – година на должничката криза во Грција, HBC не донесе приход од своите филијали во странство поради “недостаток на јасност во даночната политика,”на Грција, вели управата.

Од 2010 година, грчката држава е под притисок на тројката кредитори – ЕУ, ЕЦБ и ММФ, за да се надополни буџетскиот дефицит. Во неколку наврати, зголемени се даноците за пополнување на државната каса, која е празна и поради затајување данок.

“Кока Кола ХБЦ Грција” флашира и продава пијалаци на Американскиот гигант во 28 земји во Европа и Африка, од Нигерија до Русија преку Италија и Германија, и вработува 41.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција