Кларк сака да прави синтетичка нафта на Косово

Од:

Пензионираниот американски генерал, Весли Кларк, кој за време на својата служба беше командант на НАТО додека се бомбардираше Југославија, побара од Приштина дозвола да ги истражува резервите на јаглен во Косово.

Доколку истражувањето даде добри резултати, тој има намера од овде да произведува синтетичка нафта.

Порталот „Животот во Косово” (Jeta ne Kosove) пишува дека Кларк, сега е директор на енергетската корпорација „Анвидити” (Envidity) од Канада и се враќа на Косово по многу години во потрага по јаглен.

За неговата техника на производство малку се знае во светот, но со неа успешно се искористуват подземните гасови и јагленот и се добива полезна течност. Компанијата се надева дека ќе произведува до 100.000 барели дневно, или 15 милиони литри сурова нафта, Во рок од шест до седум години ќе може да се задоволи потребата на Косово за нафта и горива за авион.

Синтетички сурова нафта може да се искористи и за производство на електрична енергија, вештачки ѓубрива и пластика, а гориво може да се искористи за воени авиони.

Преставник од компанијата за рудници и минерали на Косово, изјави дека преговорите се во тек, но се уште нема ништо договорено. Потврдено е дека канадската компанија поднела барање за дозвола, но одговорот од владата на Косово се уште се чека.

Од Министерството за економски развој на Косово изјавија дека се информирани за понудата од Кларк, но дека за ова, како и за сите слични барања, во согласност со Законот на Косово, ќе биде распишан тендер.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски