Ќе се задолжиме 15,3 милиони евра за три нови патарини

Од:

На Бирото за јавни набавки е објавен оглас за прибирање тендерски понуди во вредност од 15,3 милиони евра за изградба на три нови патарини со електронска наплата на наплатните рампи за коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип. Парите ќе се обезбедат со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Станува збор за патарините „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип, како и идната патарина „Арбиново“ на автопатот Кичево – Охрид.

Изведувачите треба да воведат електронска наплата на патарините „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“ меѓу Скопје и Гостивар. Со тоа на возачите ќе им се овозможат со таг и електронска картичка за да ги плаќаат патарините на сите наплатни рампи низ земјава.

Реализацијата на договорот се очекува да отпочне во октомври годинава, а најмногу за една година да се изградат трите нови патарини и да се примени електронската наплата.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Онколошките пациенти од Истокот нема да плаќаат 320 денари за патарини, најави Бочварски

Орце Костов

Патарина со еден „таг“ во Македонија и Србија

Потпишан меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина со Србија

Отворени наплатните станици Преод и Кадрифаково, Македонија ќе има најскапи патарини во Западен Балкан

Орце Костов

Од патарини лани инкасирани рекордни 46,4 милиони евра

Катерина Ѓуровски