Ќе се намалува рокот за даночните обврзници да останат регистрирани за ДДВ

Од:

Поради прецизирање и појаснување на одредени одредби, Министерството за финансии предлага измени и дополнувања во Законот за данокот на додадена вредност, објавено е на ЕНЕР. Во образложението пишува дека се врши усогласување на одредбите со царинските прописи и со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Целта на предлогот е да се допрецизира и дополни даночното ослободување во делот на образованието и да се надополни и со научната дејност. Дополнително, се намалува рокот во кој е задолжително даночните обврзници да останат регистрирани за цели на ДДВ, од пет години, на две години.

Се врши и усогласување со царинските прописи во делот на утврдувањето на даночната основа при увоз на добра, како и усогласување на враќањето на ДДВ во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Според постојното законско решение даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен промет повисок од еден милион денари се обврзани за ДДВ регистрација.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи

Ковачевски: И 10 отсто е повластена стапка, имаме најнизок ДДВ

За власта луксуз е да јадеме риба и овесни снегулки, а мајонезот е поскап оти се грижи за нашето здравје

Орце Костов

Стојаноски: ДДВ е зголемено и за производи со замрзнати цени

МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи, листата се дополнува и со дигиталните учебници

Горан Наумовски