Ќе се модернизираат 54 километри од железничката пруга

Од:

Владата на Република Македонија ќе ја модернизира на железничката мрежа во земјава и според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во текот на првата половина на септември ќе почнaт градежните работи за модернизација и ремонт на железничката делница од Коридорот 10 Табановце – Куманово – Карпош во должина од 13, 3 километри а вредноста е 4 милиони евра.

Во исто време ќе почне и модернизација и ремонт на железничката делница Миравци – Смоквица која е исто така дел од Коридорот 10. Оваа делница е во должина од 13,1 километар и за неа ќе бидат исплатени три милиони евра.

„За двете делници избран е изведувач на градежни работи за модернизација и ремонт и тоа конзорциум од реномирани компании од Австрија и Германија што дава гаранција за квалитетот на изведбата. Подготвителните работи се во полн ек и наскоро се очекува почеток на работата. Согласно договорот, целата активност за модернизација на двете железнички делници во вкупна должина од 26 километри треба да биде завршена во 2013 година“, рече Ѓорѓиев.

Владата обезбеди и средства за реконструкција на железничката делница Згрополци – Ногаевци која е исто така дел од Коридорот 10 во износ од 10 милиони евра.

Ѓорѓиев информира дека во текот на септември ќе биде распишана постапка за избор на изведувач на градежни работи за модернизација и ремонт и на оваа делница која е во вкупна должина од 28 километри.

Владата ќе почне и проект за обезбедување нови и современи возни средства за железницата. Владиниот портапрол нагласи дека за овој проект обезбедени се 50 милиони евра во соработка со ЕБОР и планирано е да се набават нови четири дизел-моторни троделни патнички гарнитури, две троделни патнички електро-моторни гарнитури, 150 товарни вагони од различни типови, како и да се изврши реконструкција на пет-шест електро-локомотиви.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска