Ќе се менува моделот за субвенции во туризмот

Од:

Ќе се менува моделот за субвенциии во туризмот и според првичните предлози тие ќе се доделуваат и кога не е сезона, а ист износ без оглед на дестинацијата од каде доаѓа туристот.

На крајот на годината истекува постојниот модел на субвенционирање и тој, според носителите на дејноста, ги дал своите ефекти. Поради тоа, како што најавија денеска од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во наредниот период заедно со туристичките асоцијации и здруженија ќе дефинираат промени со кои би се обезбедила одржливост и поголем девизен прилив, кој лани изнесувал 385 милиони долари, а во првата половина од годинава 153.87 милиони долари. Проценките се дека туристичките потенцијали можат да обезбедат девизен приливод од 700 милиони до 800 милиони евра. Фокусот треба да се стави на развивање алтернативен туризам во тек на целата година, пакети со по три – четири дена, но и да се донесе нова стратегија со насоки за промените што ги бараат туристите.

Според Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со сегашниот систем на субвенционирање и туристичка понуда во тек на годината не можеме да примиме повеќе од 1,5 милиони туристи и повеќе од четири милиони ноќевања.

– Ова е една од рекордните години со странски туристи од мај до октомври. Сезоната треба да се продолжи уште повеќе, да се создадат нови атракции и да се понудат нови пакети, односно од три до пет дневни аранжмани, не само кога говориме за нордиските земји, туку и за останатите регионални балкански држави. Престојот на турските туристи во просек е 1,6 дена, а треба да се бориме за ден или два дена повеќе. Се надеваме дека од македонските агенции ќе има понуда за Македонија на три до пет дена. Дополнително се надеваме дека новиот модел на субвенционирање ќе биде базиран на сместувачките капацитети, тоа значи дека ние предлагаме да имаме едни субвенции за хотели со пет ѕвезди, четири и три ѕездички, додека сите дестинации да бидат исти. Туристот кој ќе дојде од Турција и тој од Холандија да бидат исти, рече Јаневски.

Турските туристи кои се најбројни во државава, околу 120 илјади годишно со над 160 илјади ноќевања, земаат најмал број на субвенции, по 15 евра, а за холандските кои се со речиси ист број на ноќевања изнесува 65 евра.

-Многу нешта се изменија и слободните патувачи се повеќе се одлучуваат да летуваат неколку пати во текот на годината, по три до четири дена, повеќе се мотивирани од алтернативните форми на туризам, гастрономијата, културното наследство и се повеќе го избегнуават сегментот на пакети од седум до 14 дена, освен азиските туристи кои во наредниот период ќе бидат предизвик за нашата земја, како дестинација да бидеме што повеќе присутни во кружните регионални тури и на тој начи ќе овозможиме повеќе азиски туристи и ноќевања и секако поголем брпј кинески туристи, укажа Јаневски.

Од Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија сметаат дека треба да се размислува за доделување поддршка според девизниот прилив. Секој субјект кој ќе има девизен прилив да биде поддржан преку формите на државна поддршка од Буџетот и тоа ќе биде основ девизниот прилоив понатаму да расте, како основа за раст и влијание на одредена дејност на БДП во една држава. – Треба да се извади процентот на сите носители на девизи и на тој начин да се стимулираат. Тука не се само малите агенции, туку и хотелите. Многу е битно во Народната банка да видиме кој е носител на девизи. Во тој случај ние ќе можеме да ги стимулираме сите. Редно е да размислуваме за таков вид на субвенционирање, наведе Славе Сирачевски од Здружението на туризам и угостителство.

Анализите на комората покажуваат дека изминатите десет години во државава се зголемува бројот на туристи со ноќевања во хотели со четири и пет ѕвезди и оти тие за иста цена добиваат поквалитетна услуга. – Изминатите десет години имаме вредност на ноќевања од 710 до 730 денари во просек.Тоа укажува дека во десет години се зголемила потребата на туристите од поквалитетно сместување, но цената на ноќевањата останува идентична, потенцира Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Заклучно со крајот на минатата година во државава се регистрирани милион туристи со над три милијарди ноќевања. Субвенции добиваат меѓу пет и седум проценти од туристите. Во 2017 година имало субвенции за 28.655 туристи и по тој основ се исплатени 1,2 милиони евра, а речиси исти се и бројките за минатата година. Од почетокот на годината, според податоците на Агенцијата, бројот на туристи бележи раст од три до пет проценти со зголемување на бројот на ноќевања од пет до седум проценти.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор