Ќе побараат воведување на личен банкрот

Од:

Независне новине – Бања Лука

Се работи за пракса која одамна заживеа во многу европски држави, а подразбира должниците да добијат одреден износ на пари, колку што им треба за живот, додека со нивниот имот и примања располага старател.

Во банкарскиот сектор ја поддржуваат покренувањето на оваа иницијатива и истакнуваат дека за нејзина реализација треба да се донесе посебен закон, за што веќе многу пати е разговарано, но проектот запре.

На прашањето дали личниот банкрот може да помогне на жирантите кои ги отплатуваат тие долгови, или на тие кои се во проблеми поради кредитите врзани за швајцарскиот франк, банкарите велат дека од помош ќе биде на секој па и на тие кои не се во можност да ги плаќаат своите обврски, како што се комуналиите.

Инаку, Цветковиќ потенцира дека во РС има над 100.000 жиранти кои имаат проблеми со враќање на кредитите и дека кога се работи за личен банкрот, на Запад постои ваква категорија, па дури и во Словенија.

– Кога ќе се конституира новата власт на ниво на БиХ, ќе одиме со две барања т.е. предлози, а тоа е да се донесе закон за личен банкрот, но и закон за заштита на корисниците на финансиски услуги – најави Цветковиќ.

Според неговите зборови, за воведување на личен банкрот во БиХ и порано се дискутирало, но тоа никогаш не заживеало.

– Ние се уште официјално не сме поднеле такво барање, но со сите наши дописи до институциите го потенциравме тоа прашање и го поставувавме да се разговара за таквата можност – вели Цветковиќ.

Тој смета дека воведувањето на личен банкрот би било корисно за многу граѓани кои имаат проблеми со финансиите.

– Значи, на граѓаните се одзима она што го имаат, но им се дава минимум да можат да живеат. Тоа значи дека зад нивниот долг ќе застане државата – наведе Цветковиќ.

Мијо Мишиќ, секретар на Здружението на банки на БиХ, ни потврди дека за воведувањето на личен банкрот кај нас е многу разговарано и дека е направена анализа.

– Но тој проект застана. Не можам да кажам во која фаза и колку има аргументи за и против. Секако, банката и банкарската заедница тоа ќе го поддржи, бидејќи сигурно може да биде само позитивно, бидејќи лошите кредити се еден од најголемите проблеми на банкарскиот сектор. А за тоа треба посебен закон, кој би бил регулатива за личниот банкрот – порача Мишиќ.

Но, Кемал Дураковиќ, претседател на Здружението Швајцарец, чии членови се корисници на кредити врзани за швајцарскиот франк, не е воодушевен од идејата тие да бидат дел од замислата за личен банкрот.

– Што се однесува до личниот банкрот, кога се во прашања други кредити да, но кога се работи за кредитите врзани за швајцарскиот франк мислам дека тоа не е добро решение. Зошто некој друг да располага со нивниот имот и да им дава на сламка, додека се живи – праша Дураковиќ.

Веќе објави банкрот

Вукашин Мирковиќ пред неколку дена се најде во центар на интересот на медиумите, бидејќи протестираше во центарот на Брчко носејќи на себе транспаренти и на тој начин објави свој личен банкрот.

На ваков потег го натерала тешката економска состојба.

– Лично живеам во многу тешка состојба. Ние сме четири члена и никој не работи. Немаме никакви примања, а мора да ги подмируваме трошоците – објасни Марковиќ.

Би можело да ве интересира

КС Групацијата ја продолжува својата мисија за поддршка на образованието

Предраг Петровиќ

Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година