Кипар ќе бара помош до четири милијарди евра

Од:

Кипарскиот министер за економија, Анреас Мавројанис изјави дека се уште не е донесена одлука на кој начин ќе се спасува банкарскиот систем во Кипар, но постои опција за евентуален заем.

„Кипар има потреба од четири милијарди евра финансиска помош од Европската унија, но во следните недели потребни му се 1,8 милијарди евра за докапитализација на една банка“.

Помош би барале од Европа, но и од Русија и Кина.

„Сите опции се на маса. Тоа може да биде комбинација. Што и да биоде одлучено, дел од парите или условите ќе доаѓаат од Европа. Не знам дали ќе им се обратиме на Русија или на Кина“, посочи Мавројанис.

Кипар до 30. јуни мора да најде сума која е десет отсто од бруто домашниот производ за докапитализација на Кипарската народна банка.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар