Кипар, Грција и Израел потпишаа меморандум за енергетска соработка

Од:

Кипар, Грција и Израел денеска во Никозија потпишаа меморандум за соработка во областа на енергетиката и водените ресурси.

Документот е потпишан од ресорните министри Јоргос Лакотрипис, Јанис Маниатис и Силван Шалом.

Кипарскиот министер Лакотрипис потпишувањето на меморандумот го оцени како „грандиозен момент за соработката на трите држави“, додавајќи оти Кипар ќе излезе од енергетската изолација и ќе стане поконкурентен.

За грчкиот министер Маниатис со меморандумот „се зајакнува геополитичката положба на Грција и на Кипар“.

– Меморандумот за соработка е историски значаен, посочи израелскиот минисетр Шалом.

Со меморандумот предвидено е поврзување на енергетските системи на Кипар, на Грција и на Израел. Проектот е наречен „Евроазиски интерконектор (EuroAsia Interconnector), а преку мрежата ќе се врши пренос на електрична енергија со моќност од 2.000 мегавати преку кабел по дното на морето. Проектот треба да биде завршен во 2016 година.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен