Кинези го сакаат туристичкиот бизнис на „Томас Кук“

Од:

Томас Кук, најстарата туристичка компанија во светот, потврди дека добила предлог од својот најголем акционер, кинеската Фосун Туризам (Fosun Tourism), за стекнување на туристичкиот бизнис. По информацијата, вредноста на акциите на британскиот оператор се зголемија за 20 отсто.

Фосун Туризам веќе е присутен на европскиот пазар преку сопственоста над бизнис групата Клуб Мед (Club Med) што се занимава со органзирање туристички патувања.

Британската компанија веќе размислува за продажба на воздухопловна флота, како и предлог за нејзината активност во скандинавските земји. Ова се случува по серијата предупредувања од раководството за проблеми со приходите и профитот, и потребата да се најдат средства за покривање на долговите. Засега од Томас Кук велат дека не е сигурно дека предлогот на Кинезите ќе значи и формална понуда.

Компанијата е на раб на целосно фрагментација на својот бизнис. Причините се намалувањето на побарувачката за нејзините пакети за одмор и големите долгови.

Би можело да ве интересира

Вашингтон бара кинеските дипломати да го информираат за состаноци во САД

Ана Ололовска

Кина се закани со одмазда за американските конгресни документи за Хонг Конг

Ана Ололовска

Дојче Банк вмешана во корупциски скандал во Кина

Ана Ололовска

САД ја повикаа Кина да помогне околу Северна Кореја

Ана Ололовска

Непал и Кина заеднички ќе го мерат Монт Еверест

Ана Ололовска

Кина бара прекин на воените дејства на Турција во Сирија, САД со „моќни“ санкции поради турската офанзива

Ана Ололовска