Кина тестира смрзната храна од увоз за коронавирус, компаниите велат – така го штити домашниот пазар

Од:

Пекинг, 17 ноември 2020 (МИА) – Кина воведе строго тестирање на храната од увоз поради Ковид-19, што предизвика реакции кај големите производители, кои тврдат дека тестовите може да се класифицираат како ограничување на трговијата.

Кина објави дека го открила новиот коронавирус на амбалажата на производи од 20 држави, вклучително свинско месо од Германија, говедско месо од Бразил и на риба од Индија.

Кинеските власти започнаа со тестирање на увезената замрзната храна во јуни, по низата случаи на инфекција помеѓу работниците на големопродажниот пазар за храна во Пекинг.

Странски официјални лица истакнуваат дека кинеските власти не ги потврдиле наводите за новиот коронавирус, додавајќи дека мерките на Пекинг му штетат на трговијата и неоправдано го нарушуваат угледот на увезената храна.

На состанокот на Светската трговска организација (СТО) на 5 и 6 ноември, Канада го нарече кинеското тестирање на увезена храна и одбивањето да увезува производи со позитивен тест на нуклеинска киселина „неосновано ограничување на трговијата“ и го повика Пекинг да ја прекине таквата пракса.

Кина тврди дека нејзините мерки се „привремени и научно засновани“ и имаат за цел „максимална заштита на животот на луѓето“.

Светската здравствена организација (СЗО) тврди дека, колку што е познато во моментов, Ковид-19 не се пренесува преку храна или пакување.

Гудрун Галхоф, член на делегацијата на Европската унија во Пекинг, задолжен за храна и безбедност, предупредува дека на извозниците им требаат повеќе информации за кинеските методи и резултати за тестирање.

– Ако имате трговски партнери, мора да бидете искрени со нив и да им дадете можност да ги почитуваат (вашите регулативи), нагласи Галхоф.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката