Кина станува втора нација по богатство

Од:

Бројот на милионерите во Народна Република Кина во следните пет години ќе биде двојно поголем и таа земја ќе ја надмине Јапонија и ќе стане втора нација по богатство во светот, покажа новиот глобален извештај за висината на личното богатство.

Според Извештајот за светското богатство во 2012 година, кој го подготви Истражувачкиот институт на швајцарската банка Креди Свис, во НР Кина во средината на 2012 година имало 964.000 милионери, а се очекува тој број дупло да се зголеми до 2017 година на 1,9 милиони како резултат на забрзаниот развој на приватниот сектор во најбројната земја во светот, наведено е во извештајот.

Во таа студија богатството на едно домаќинство е дефинирано како вредност на финансиски и нефинансиски имот минус вкупниот долг и е изразено во американски долари, објави кинескиот весник на англиски јазик Чајна дејли.

Во третиот по ред извештај за богатството укажано е дека вкупното богатство на домаќинствата во НР Кина до средината на 2012 година се зголемило за 562 милијарди долари, или 2,9 отсто, на 20 билиони долари.

Креди Свис очекува во следните пет години семејствата во НР Кина да го зголемат богатството за дополнителни 18 билиони долари, со што вкупното богатство од проектираните 38 билиони долари ќе ги надмине јапонските 35 билиони долари и до 2017 година таа земја ќе стане втора најбогата земја во светот, по Соединетите Американски Држави.

До тогаш САД ќе остане најбогата земја, со нето богатство на домаќинствата од прогнозираните 89 билиони долари. НР Кина со својот номинален вкупен домашен производ БДП од 7,3 билиони долари и БДП според паритетот на куповната моќ (ППП по пазарни цени) од 11,3 билиони ја надмина Јапонија на крајот на 2011 година, како второ најголемо национално стопанство во светот, веднаш зад САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката