Кампања за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови

Од:

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) по повод Денот за пензиската свесност – 15 Септември од утре ќе почне низа активности, чија цел е едукација за тростолбниот пензиски систем и подигнување на свеста за потребата од навремена одлука за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови, покрај Фондот на ПИОСМ.

-МАПАС преку различни активности сака да ја подигне свеста, особено кај младата популација, за потребата од навремено вклучување во тростолбниот пензиски систем и соодветно информирање на сите граѓани за најновите промени во регулативата што се однесува на капитално финансираното пензиско осигурување и следење на својата пензиска заштеда, се вели во соопштението од Агенцијата.

Покрај тоа, како што потенцираат од МАПАС, вокус во работата ставаат и на зголемување на интересот за информирање за правата и обврските на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и за начините за добивање на навремени и релевантни информации за различните аспекти на членувањето во вториот и третиот пензиски столб.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски