Кампања за одговорно спортско обложување „Играј одговорно“

Од:

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) почнува кампања за одговорно спортско обложување под слоганот „Играј одговорно“.

Кампањата има за цел подигнување на свесноста за одговорно спортско обложување и едукација на играчите дека спортското обложување е начин за игра и забава, а не нешто од кое треба да се очекува заработка и егзистенција.

Претседателот на АСОМ Васко Илијевски информира дека програмите за едукација на вработените и играчите за неопходноста од почитување на законите и правилата, за важноста од одговорно спортско обложување и подигнување на свесноста за можните негативни влијанија се дел од нивната стратегија.

-Со оваа кампања сакаме да укажеме на нашите цели и заложби – безбедно спортско опкружување и играчи без проблеми со обложувањето, грижа за нашите играчи и грижа за општеството во целост. Продолжуваме да создаваме услови за работа и кариера, активно да работиме на интензивирање на соработката со сите засегнати страни, да даваме придонес во носење и унапредување на регулативата, законите и подзаконските акти и секако, остануваме посветени на стратегијата за општествено одговорно делување во заедницата во која работиме, изјави Илијевски.

Главните пораки и совети на кампањата „Играј одговорно“ кон играчите се да не се обложуваат со средства кои не можат да си ги дозволат, да не се обидуваат да ја надоместат загубата, да си постават граница за пари и време кое ќе го посветат на спортско обложување, без притоа да ги занемаруваат редовните работни и животни обврски.

Кампањата ќе се спроведува во спортските обложувалници, членки на АСОМ преку едукативни и промотивни материјали, како и на Facebook страницата на Асоцијацијата https://www.facebook.com/asom.org.mk.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е формирана 2013 година со мисија и цели за проактивно делување во насока на развој и унапредување на игрите на среќа.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Обложувалниците бараат итна промена на мерките или финансиска поддршка, се жалат на преполовени приходи

Катерина Павлова-Николовска

АСОМ: Владата не го исполни ветеното, бараме итно воведување онлајн игри на среќа

Ана Ололовска

АСОМ: Со измените на Законот за игри на среќа без работа остануваат 10 илјади луѓе

Катерина Павлова-Николовска

АСОМ: Неработна недела за обложувалниците значи отпуштање на 30% од вработените и намалени приходи во буџет

Ана Ололовска

АСОМ: Строго се почитува забраната за малолетници од законот за игрите на среќа – дистанцата од 500 метри е нелогична и неприфатлива

АСОМ: Ќе ги преземеме сите мерки спорниот Закон за игрите на среќа да не биде донесен

Катерина Павлова-Николовска