Како да обезбедиме безгрижна иднина?

Од:

Замислете само на кратко дека сте акробат во циркус. Искусен и вешт акробат, ја знаете вашата точка беспрекорно добро, самоуверени сте во сопствените вештини и знаете дека секоја ваша изведба е совршенство. Сепак, кога ќе треба да скокнете, дали би преферирале да ја извадиме мрежата? Тоа е осигурувањето – нашата заштитна мрежа во секојдневните предизвици.

Дали ви се случило да морате да издвоите поголема сума на средства за поправки и други непредвидени трошоци во домот, независно дали скоро сте купиле нов стан или пак во него живеете со години?

Домот е најголема и најважна инвестиција која сите ја преземаме, и честопати вложуваме во дополнителни системи за заштита на домот, како на пример видео камери, различни системи за аларм и слично. Сето ова е одлична превентива, но сепак честопати забораваме на ризикот од пожар во домот, излевање на вода од прснат вентил од парно греење, провална кражба, поплава и др. кои многу сериозно можат да го оштетат домот и предметите во домот.

Трошоците за материјали и поправки на штети од електрични инсталации, водовод или канализација, случаи на штети на клима уреди, или пак неопходна поправка на штета настаната на покрив, врати, прозорци, стакло и сл. може да не чини до петстотини па и повеќе евра, и може сериозно да се одрази на нашиот буџет.

Сите овие непредвидени трошоци би можеле да се избегнат со купување на полиса за домаќинско осигурување на станот/куќата. Кога ќе се земе трошокот на евентуалната штета во домот и ќе се спореди со износот кој треба да се уплати за домаќинско осигурување (пр. за стан од 70м2 заедно со предметите во станот, околу 40-50 еур годишно), кој може да се плаќа и на месечни рати, излегува дека осигурувањето е далеку подобра инвестиција.

Од друга страна, покрај материјалната основа која честопати е мотиватор во донесување на одлука за осигурување, треба да се има на ум дека во осигурен дом “полесно се спие“, и се намалуваат грижите од типот “што ако“, бидејќи и доколку се случи нешто што може да не вознемири во секојдневието, осигурувањето е тоа кое “се грижи“ во име на својот клиент.

Сигурно доста често ви се случило да слушнете коментар од типот – Зошто на секој му треба животно осигурување? Јас сум млад/а, здрав/а и што може да ми се случи?

Сепак, имајте на ум дека животот е често непредвидлив и дека не е секогаш онака како што планираме и посакуваме. Токму поради ситуациите на кои не можеме да влијаеме добро е да имаме полиса за животно осигурување.

Со полисата за животно осигурување овозможуваме финансиска сигурност и спокојна иднина за нас и за нашето семејство. Истовремено, животното осигурување значи и штедење, а ние одлучуваме колку долго и колку средства сакаме да заштедиме.

Кога ќе потпишеме договор, уште истиот момент знаеме колкава е осигурената сума која не очекува на истекот на траење на осигурувањето/штедењето, како и колкава е сумата за обештетување во случај на незгода или несреќа. Тоа е она што на нас и на нашите најблиски ни дава чувство на безгрижност и сигурна иднина.

Дали можам да си дозволам животно осигурување?

Со оглед на времето во кое живееме скоро и да не постои семејство кое не штеди на се и сешто. Штедиме за храна, за бензин, штедиме за подароци и излегувања, па се до оние работи кои претставуваат луксуз.

Но, за жал, сепак најмалку се штеди за иднина и безгрижен живот.

Без разлика на финансиската ситуација, баш поради тоа што животното осигурување е производ кој се прилагодува на нашите лични потреби и можности, потребно е да почнеме да штедиме преку осигурување.
Животното осигурување како облик на долгорочно штедење, со можност за избор на висината на премија која би можеле да ја плаќаме, ќе ни обезбеди пристојна материјална поддршка во некои идни години, како и адекватна заштита кога и да ни биде потребна.

Што претставува Ризико осигурувањето со кредит?

Ризико осигурувањето е полиса за животно осигурување врзана со кредит. Тоа значи дека во случај на немил настан, осигурителната компанија во наше име целосно ќе го исплати кредитот, така што не би оставиле никакви финансиски обврски на своето семејство. Се работи за специфичен тип на животно осигурување кое обезбедува голема финасиска сигурност за нашето семејство. Дополнително, ризико полисата овозможува и многу поповолни услови за одобрување на кредитот.

ПР објава

Би можело да ве интересира

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

Орце Костов

Граѓаните потрошиле 685.000 евра на патничко осигурување во јули, во зелен картон се вложени 2,8 милиони евра

Орце Костов

АСО: Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100 000 штети

НЛБ Банка со нова кредитна линија за поддршка на конкурентноста на правните лица

А1он

Осигуреник наплатил 308.000 евра штета за осигуран имот

Ана Ололовска