Каевски: Потпишаните договори со Бугарија се важни за инфраструктурата, земјоделството и за економијата

Од:

Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија, отвораат ново поглавје во односи меѓу двете соседни земји. Вчера се одржа успешна меѓувладина седница на која беа формирани петте работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти кои се од интерес на граѓаните од двете држави, рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

– Двете влади и надлежните министерства ќе соработуваат во областа на инфраструктурата, земјоделството, аграрни науки, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превозот на стоки, намалување на цената на роамингот. Посебен фокус ќе се стави на железничкото поврзување на двете држави како и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8 што оваа година ќе биде приоритет за Владата предводена од СДСМ. Со силен интензитет на соработка и брза реализација на договорите, очекувано е веќе во следните шест месеци да се постигнат значајни резултати во сите области, вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК