Каевски: Платите и пензиите растат, додека цените на основните прехранбени продукти се намалуваат

Од:

Владата донесе одлука со која се замрзнуваат цените на јајцата од кокошка и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година и оваа мерка ќе биде со важност до 30 април 2023 година. Претходно со одлука на Влада беше дефинирана максималната цена на лебот од 450 грама на 33 денари, а намалени се цените и на тестенините и на млекото и млечните продукти за 15, односно за 10 отсто рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Истовремено, растат платите и пензиите за уште повеќе пари во семејните буџети. Од овој месец минималната плата изнесува 20.175 денари, што е зголемување за над 2.000 денари од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари. Исто така од овој месец се зголемуваат и пензиите за рекордни 8,4 отсто, што значи дека просечната пензија ќе се зголеми за над 1.500 денари. Сето ова е доказ дека македонската економија е стабилна, доказ дека Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски успешно менаџираат во време на светска економска криза. Ние како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на сите граѓани рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Имаме силна поддршката од САД и цела Европа за нашите следни чекори за членство во ЕУ

Спасовски: Изборот е јасен, интеграција во ЕУ или изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илиевски: Градоначалникот на Битола ја донесе општината на работ на банкрот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кузеска: Оваа недела ќе стане јасно дали Мицкоски е за реализација на националните и стратешките цели на земјата

Ана Ололовска

СДСМ: Интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција

Ана Ололовска

Николова: Доколку Мицкоски нема верба во сопственото раководство нека избере сам

Ана Ололовска