Ка-дис: Дали бирото за јавни набавки соучествува во сомнителниот тендер за набавка на 150 возила?

Од:

Дали Бирото за јавни набавки е жертва или соученик во сомнителниот тендер за набавка на 150 возила прашува Ка-Дис во соопштението кое го испрати до медиумите, во очи на втората лицитација за набавка на возила за потребите на МВР.

dobivaj vesti na viber

Ова е интегрално соопштението на Ка-Дис кое утрово го испратија до медиумите.

Кој ја извртува вистината за тендерот во МВР? Ка-дис со видео снимка и фото запис за вистината на настанот.

Во периодот кога Порше Македонија и нивниот дилер Делукс тврдат дека не биле во можност да наддаваат а SEAVUS i Neotel тврдат дека имало пречки, Најмалку два правни субјекта надавале и re-fresh-ирале а системот без проблеми ги регистрирал.

Во прилог ви испраќаме замрзнати фотографии од моментите кога Kа-дис и најмалку уште еден правен субјект успеал да нададе во системот и истиот ја регистрирал промената спротивно на тврдењата на бирото, Порше Македонија и нивниот дилер Делукс, SEVUS i NEOTEL.

Сметаме дека по втор пат ни е укинат регуларно добиен тендер во МВР при што чуствуваме морална одговорност да ја изнесеме вистината на виделина.

Во прилог ви доставуваме хронологија и фрагменти од лицитацијата кои ја потврдуваат нејзината регуларност.

12:19:53 На слика 1 и 2 се гледа дека во времето од 12:19:53 до 12:22:04 Кадис е најдобар понудувач со 213,250.000.00  т.е по 1час и 10 минути од почетокот на лицитацијата.

12:22:14 На слика 3 се гледа дека во 12:22:14, некој понудува за 250.000 помалку т.е 213.000.000.000. Ова е важно бидејќи се случува во период кога :

а) Порше тврди дека не е во можност да наддаде

б) Сеавус тврди дека во тој период има проблеми ( известување од МВР, интервал од 12:22:00 до 12:26:00) 

Потврда дека во периодот кога горенаведените тврдат дека имаат проблеми, некој наддал (не е КаДис, не е Аутомотив, не е дилерот на Порше Делукс кој за цело време како и Аутомотив не наддал ниту еднаш.) Ова наддавање се регистрирало и рефреширало на нашиот екран како што се гледа на сликите.

12:29:46 На слика 4 се последните 3 минути од лицитацијата каде се гледа дека во периодот од 12:22:14 до 12:29:46 се направени најмалку уште 3 наддавања:

-Кадис се спуштила на 212.750.000.00

– Некој друг е на прво место со 210.000.000.00 денари за кој од 212.750.000 земајќи го максималниот чекор од 2.500.000 денари мора да се спушти најмалку за 1 максимален чекор и еден минимален од 250.000 или 11 наддавања од 250.000 денари за да биде на 210.000.000

Ова се случува исто по периодот кога Порше тврди дека не може да се наддава во системот и Сеавус тврди дека имал проблеми во истиот.

12:29:49 Слика 5 се гледа дека во 12:29:49 – Ка дис го прави последното наддавање на износ од 209.750.000 со што времетраење на лицитацијата се пролонгира автоматски за +3 минути т.е до 12:32:49.

а) повторно се реализира наддавањето во тој период кога и Порше и сеавус тврдат дека има проблеми, т.е дека не може да се наддаде

б) И теоретски да е изјавата на Сеавус вистинита и проблемите да се случуваат до12:30:21 како што стои во нивниот допис до МВР, Порше сеуште има добри минути и28 секунди да стисне F5 и изврши рефреширање на страната со уфрлање на наводната пониска цена која сакале да ја уфрлат.

Од ова јасно и недвосмислено се гледа дека системот за останатите оперативно функционира, т.е редовно прифаќал наддавања. Аутомотив-РЕНО и дилерот на Порше Делукс од Куманово воопшто не наддале во ниеден момент од почетокот на лицитацијата.

Оттука прашањето како СЕАВУС и НЕОТЕЛ кои се приватни компании експресно го пронајдоа проблемот кој очигледно постоел само 2 компании

( бидејќи Делукс е дилер на Порше Макдеонија) и дали не се работи за техничка неподготвеност, неможност да се донесе брза одлука или друг мотив на компаниите кои се жалат???

Ка-дис сериозно ја разгледува можноста да побара истрага која ќе ги вклучи сите инволвирани страни во некоректно и експресно поништената легална аукција поради сериозни сомневања дека некој од страните можеби поднел лажни изјави и со тоа и нанел на компанија непроценета штета , а воедно овозможува на други субјекти да се стекнат со материјална корист од постапката.

Бараме МВР да покрене истрага за случајот и тоа :

а) Дали на СЕАВУС и НЕОТЕЛ – двете приватни компании им е во договорот за набавка на одредено дека можат да даваат вакви изјави за сопствените апликации/хостинг кои бирото ги третира како изјави од вешти лица и на кои базирало по нас не законската одлука? Воедно од судот ќе побараме вешти лица од IT секторот да се произнесат по нивните дописи.

б) Како НЕОТЕЛ хостирал други апликации на серверот кога ЕСЈН треба да е екслузивно сама на сервер?

в) Конечно да ја прекине денешната лицитација бидејќи истата е закажана на основа на невистинити аргументи а со изјавата на Порше Македонија од четвртокот, повеќе не е тајна лицитација со што се загрозил принципот за одржување на истата.

Со почит,

Ка-дис,

Генерален импортер на СЕАТ за Македонија

 

Би можело да ве интересира

Peugeot и Opel доминантни со своите гами на електрични и plug-in хибридни возила

Ана Ололовска

Новото лице на новиот ŠKODA KAROQ е тука!

Ана Ололовска

Поскапувањето го натера секој трет Германец да престане да вози, некои почнаа и да крадат гориво

А1он

ВИДЕО: Втората генерација на NX отвора комплетно ново поглавје за брендот Lexus

Ана Ололовска

Нарушено производството на Форд и на Тојота поради протестите во Канада

Ана Ололовска

„Порше“ продал над 300.000 автомобили во 2021 година

Ана Ололовска

2 comments

Гајвер 03/09/2012 - 17:58 at 17:58

Зошто се жалите бе копуци кога јавна тајна беше дека Каленикови треба да го добијат тендерот. Бидејќи не можеа тоа да го направат на регуларен начин сега се служат со манипулации. МВР же вози ШКОДА ЈЕТИ. Во ниеден случај сеатот неможе да биде поевтин од шкодата.

Reply
sasohugo 03/09/2012 - 21:16 at 21:16

според ова испајџа дека може
а за наместени тендери сите се такви од прва рака ти кажувам .дури елаборати даваат готови и понуда направена
ама ако се будали нека отстапат од КАДИС

Reply

Leave a Comment

thirteen − 9 =