ВИДЕО: „Југохром“ ќе почне да работи во мај или јуни догодина, потпишан Меморандум за разбирање со Владата

Од:

„Југохром“ од Јегуновце треба да почне со работа кон крајот на мај или почетокот на јуни наредната година, со поставен филтер за отпрашување на печките 7 и 8.

Ова беше истакнато на денешното потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу Владата, „Југохром“ и вработените во комбинатот. Меморандумот го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Васко Скендеровски, претставник на „Југохром“ и Бајрам Амити, од Синдикатот на вработените во фабриката.

Со Меморандумот, како што посочи вицепремиерот Анѓушев, се овозможува сигурност за иднината на фабриката.

– Фабриката ќе продолжи дс работи, сопственикот ќе инвестира во системот за отпрашување, односно поставување филтри, а Владата се обврзува да ги сервисира побрзо административните процедури, а работниците добиваат сигурност дека ќе продолжат да работат, истакна Анѓушев.

Скендеровски увери дека „Југохром“ нема да работи без филтри и најави дека тие етапно ќе се поставуваат.

Според Бајрам Амити, Владата ќе најде механизми за да врши притисок до сопственикот на „Југохром“ да ја реализира инвестицијата.

Инвестицијата за системот за отпрашување ја обезбедува сопственикот на „Југохром“. Целата инвестиција е проценета на 12 милиони евра, а само за печките 7 и 8 е 4,5 милиони евра.

„Југохром“ целосно го запре производствениот процес на 2 ноември 2016 година, со што околу 800 вработени останаа без работа. Раководството на комбинатот одлучи да ја спроведе одлуката на Испекторатот за животна средина за затворање на фабриката поради непочитување на крајниот рок за изградба на филтер станица кој истече на 30 октомври 2016 година. Вработените во „Југохром“ потоа неколкупати протестираа барајќи решавање на нивниот проблем.

Би можело да ве интересира

Од Југохром најавуваат дека е можно годинава да се догради системот за отпрашување

Ана Ололовска

Отров од Југохром истекува во Вардар, се чека тендер за поправка на пречистителната станица

Жарко Настоски

Заев: Југохром нема да биде ставен во употреба без доизградба на филтрите

Татјана Ташкова

Југохром не може да работи без филтри

Татјана Ташкова

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мислеше на работниците од Југохром и ги остави без работа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Година ипол СДСМ, Заев и Анѓушев лажат 1.200 работници на „Југохром“

Ана Ололовска