Јовановски: Странските инвеститори во државава преземаат мерки за да нема отпуштање од работа

Од:

Обуки за вработените, користење на неискористен дел од редовниот годишен одмор и мал дел од одморот за годинава, евентуално користење принуден одмор, се мерките што ги преземаат компаниите од Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија со цел да нема отпуштања од работа и покрај прекинот на производствените процеси во автомобилската индустрија поради глобалните случувања со вирисот Ковид 19.

Како што изјави денеска Зоран Јовановски, советник во УО при Стопанската комора на Македонија, глобалните случувања со корона Covid 19 вирусот наметнаа прекин на работата на компаниите од автомобилската индустрија ширум светот. Во такви околности и компаниите во земјава, членките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, се принудени, не по свој избор, целосно или во најголем дел да го прекинат производството, во период од најмалку неколку недели.

-Но, и покрај ваквите неповолни случувања и сериозните финансиски последици, компаниите членки на Советот за странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија преземаат напори и мерки да не отпуштаат работници, планираат да искористат одреден модалитет, но првенствено сакаат да ги задржат вработените. Така, компаниите планираат претстојниот период на прекин на производството да го искористат за реализација на обуки за вработените или вработените да користат неискористен редовен годишен одмор од минатата година и мал дел од одморот за оваа година, евентуално користење на принуден одмор и сл. Тоа се охрабрувачки чекори во дадената ситуација, изјави Јовановски.

Иако тоа може да изгледа банално во дадениов момент, како што истакна, навидум мали, но мудри потези повлечени во моментов, можат да отворат значајни перспективи за македонската економија во периодот после завршувањето на пандемијата на коноравирусот.

– Промена на некои од постојните давачки за овие компании заради соодветна царинска хармонизација и зголемување на конкурентноста на македонските компании што се дел од глобалните синџири на набавка може во иднина да резултира со тоа производството што сега е лоцирано во некоја друга земја да се пресели во Македонија, рече Јовановски.

Тој сооошти и дека имаат најава од турските власти дека во текот на денов или утре ќе биде надминат проблемот со македонските транспортери на границата со Турција.

За сите прашања деновиве во Владата се одржала работна средба на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска со компании членки на Советот на странски инвеститори, на која имало и претставник од Стопанската комора на Македонија.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување