Јовановски: Колку им должи владата на фирмите?

Од:

СДСМ уште пред две години поставила прашање колку Владата им должи на фирмите, но владата одбивала да каже.

„Бидејќи Владата цело време тврди дека навреме си ги плаќа обврските и дека нема долгови, ја повикавме редовно да објавува на интернет страницата на Министерството за финансии дали и колку им должи на фирмите. И тоа одбија да го направат“, изјави на прес конференција Зоран Јовановски потпретседател на СДСМ.

Според него, меѓународниот монетарен фонд во својот најнов извештај го потврдил она што СДСМ го зборувал веќе две години.

„ММФ јасно кажа дека Владата доцни со плаќањето на своите обврски и доцни со повратот на ДДВ. ММФ јасно кажа дека има бројни укажувања на бизнисмените за доцнење на Владата со плаќањето, што значи дека неплатениот долг на Владата може да е и поголем износ“, изјави Јовановски.

Тој се повика на извештајот на ММФ дека минатата година Владата не платила навреме повеќе од 7 милиони евра на странска фирма од која е купен дел од медицинската опрема.

„Тоа е платено оваа година, но со камата за доцнењето. Многу е лесно така, премиерот да се фали со опремата, а сите граѓани да ја платат каматата за неговото доцнење со плаќањето.

Проблемот со долгот на државата кон фирмите е еден од најголемите проблеми на македонската економија. Колкав е точно тој долг ќе знаеме после промената на власта. Тогаш ќе се види дека приказните на Владата дека сé си плаќала навреме и во целост се само приказни за мали деца. Тогаш и ММФ и Светска банка и сите други ќе имаат многу поинакво видување за периодот на владеење на Груевски“, рече Јовановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80% од листите се истите пратеници

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите

Горан Наумовски

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски ја призна конекцијата со мешетарот Еисин и после се сокри од јавноста

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски