Јанчевски: Се очекува намалување на каматите на кредитите

Од:

Се очекува намалување на каматите на кредитите. Трендот е присутен, но намалувањето оди постепено, рече денеска Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.

– Намалувањето на каматната стапка на благајничките записи што го направи Народната банка е сигнал за банките. Имам информации дека некои банки веќе ги намалија каматите на депозитите поради што се очекува и намалување на каматите на кредитите. Сепак, тоа нема да биде капитално, истакна Јанчевски на седницата на Здружението.

Во 2009 година просечната камата беше 9,3 отсто, а лани 7,3 проценти.

Според Јанчевски, глобалната криза што се почувствува и во Македонија се одрази повеќе во реалниот сектор додека банкарството остана стабилно, со висока ликвидност. Во 2012 година, заклучно со 30 септември, во однос на 2011, билансите на банките се пораснати за 2,4 отсто, на кредитите за 5,4, а на депозитите за 5 проценти.

– Кризата во реалниот сектор имаше влијание и во банкарството. Процентот на нефункционалните кредити се зголеми од 9,5 на 11,6 отсто, истакна Јанчевски.

Иако БДП е намален и се очекува, како што нагласи, да биде околу нула, банките не престанаа со кредитна активност. Процесот, сепак, е забавен.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов