Јанакиески: Легализација на најмалку 100.000 дивоградби до крајот на годината

Од:

Легализација на над 100.000 дивоградби до крајот на годинава, очекува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Заедно со градоначалниците на Град Скопје и на Општина Центар Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ денеска ги презентираа можностите за изградба на населбите Ново маало, Маџар маало и  Крњево во Општина Центар, чии жители  по долги години ќе можат да ги легализираат своите градби и да ги доградуваат.

– Во последните  два месеци имаме забрзано темпо на легализација на дивоизградените објекти, особено откако инспекторатот беше на терен и им укажа на  општините да ги решат проблемите во определен рок согласно Законот за легализација. Очекуваме  наредната недела управниот инспекторат да биде повторно на терен за да видиме дали сите општини и постапиле по нивните укажувања. Но, од информациите кои ги имаме веќе доста е забрзан процесот на легализиација. Исто така, измените на Законот  кои стапија во сила во декември  овозможија да има уште поголемо забрзување. Очекувам оваа година  над 100.000 дивоизградени објекти да бидат легализирани, изјави Јанакиески.

Според него, неодамнешното усвојување на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје ќе го забрза процесот на легализација  во сите општини во Скопје. Ќе се даде можност, нагласи, за развој на Крњево и Маџир Маало, што беше едно од  главните барања на населението од овој регион.

Трајановски  информира дека со донесувањето на ГУП-от и одлуката Крушевска република наместо надземна да стане подземна сообраќајница, ќе се надмине  долгогодишниот проблем  за  урбанизацијата  на неселните места Ново маало, Маџар маало и  Крњево. Подземната сообраќајница треба да го поврзува булеварот „Македонија“ со булеварот „Александар Македонски“.

– Утврдивме дека најдобрата можност за да можат  граѓаните во иднина да ги легализираат своите градби е Крушевска република да биде подземна  сообраќајница. За таа цел Градот Скопје по донесувањето на ГУП-от ќе направи сообраќајна студија која ќе  ја изготви Градежниот факултет. Со неа ќе се одреди нивото до коешто ќе биде спуштена сообраќајницата, како и нејзината ширина, рече Трајановски.

По изготвување на студијата ќе се овозможи  Општина Центар да направи детални урбанистички планови за тој дел од Скопје и со тоа  да се реши  догогодишниот проблем на граѓаните кои беа во голема неизвесност бидејќи не им се дозволуваше да доградуваат, не се правеа детални урбанистички планови и не се градеше сообраќајницата.

–  Практично не знаеја кога ќе биде решен нивниот пробелем. Сега на некој начин веќе имаат извесност кога ќе биде решено тоа. Само треба да се донесат деталните урбанистички планови и после тоа да се добијат дозволи за градба согласно маркицаите кои ќе бидат предвидени, изјави градоначалникот на Скопје.

Градоначалникот на Центар најави дека Општината за побрза реализација на плановите целиот процес ќе ангажира консултант.

–  Крушевска  република која одеше надземно, сега ќе оди подземно со можност на локациите на кои  поминуваше да се претворат во градби според деталниот план. Тоа ќе го поправиме и дополниме во деталните  планови, а Општина Центар за да дојде до брза реализација на овој план ќе ангажира консултант кој ќе има исклучива задача да ги информира граѓаните, да ги советува и да им дава упатства како  побрзо да дојдат до реализација на своите планови односно изградба на свои парцели, информира градоначалникот Тодоровиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

Орце Костов

Општина Велес нема да ги урива дивоградбите на Бабуна, ќе спречува да никнуваат нови

Орце Костов

Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

Ана Ололовска

Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, Министерството ќе ги разгледува забелешките

Ана Ололовска

Премиерот Заев најави дека ќе продолжи отстранувањето на дивоградбите од крајбрежјето на Охридското Езеро

Ана Ололовска