Јанакиески: Како дел од Јужен поток, Македонија ќе нема проблеми во снабдувањето со гас

Од:

Со приклучувањето кон проектот Јужен поток  Македонија во иднина воопшто ќе нема  проблеми за снабдување со гас, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашањав по прес-конференцијата за состојбите во патниот сообраќај.

Според Јанакиески, сегашните количини што ги добиваме како држава не се доволни, а со приклучувањето кон Јужен поток Македонија  тие проблеми ќе бидат надминати.

–  Значи,  тоа  е финалната цел. Инаку, сегашните количини не се докрај искористени, но кога ќе биде повзрана  во иднина ТЕЦ Неготино, кога ќе се поврзе РЕК Битола и другите енергетски капцитети, а воедно  и општините, тогаш овие количини на гас во Македонија нема да бидат доволни. Со влегувањето во  проектот Јужен поток и со добивање дополнителни количини  тогаш Република Македонија воопшто ќе нема проблеми во снабдувањето со гас, рече Јанакиески.

Пред извесно време, посочи, изготвивме студија  за развој на гасификациската мрежа на ниво на цела Македонија и таа покажува точно во количини  колку гас треба да имаме.

Министерството за транспорт и врски веќе почнало постапка и изготвување и на студија за развој на регионалната мрежа, односно за секундарната и терцирајарна мрежа.

– Веќе правиме проектна  програма и  очекувам до крајот на  годинава или најдоцна во јануари следната година да распишеме повик за изработка на регионалната дистрибутивна мрежа, бидејќи не е доволно да се развие само националната мрежа, туку треба да одиме чекор напред, информира министерот за транспорт.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра