Јагма за копирантското место во МЕПСО – стигнале 99 пријави

Од:

99 пријави стигнале до „АД МЕПСО“ на огласот за прием на копирант во архиватa во служба за општи работи, потврдија од компанијата за „Макфакс“. За оваа работна позиција условот е завршено средно образование, а мeсечната нето-плата е 24.900 денари.

За двете позиции, пак, советник во Кабинетот на генералниот директор стигнале 49 пријави, а за шеф на Кабинетот, пристигнале вкупно 20 пријави. Нето-платите за овие две работни места е 45.300 денари, а се бара завршен електротехнички факултет.

Од МЕПСО за „Макфакс“ велат дека сè уште трае евалуацијата на примените пријави од кандидатите. Оние пријави што ги исполнуваат условите, ќе влезат во потесна селекција. Комисијата од МЕПСО која треба да одлучува за нив, сè уште работи, а конечната листа не е готова.

Огласот со отворени 9 работни позиции во МЕПСО, беше објавен кон крајот на минатиот месец. Социјалните мрежи беа преплавени од коментари за висината на платата на копирантот во оваа енергетска компанија која врши пренос на струја.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Орце Костов

Ковачевски: Ако Грците сакаат да купат дел во МЕПСО, ние сакаме да купиме дел од солунското пристаниште

Катерина Ѓуровски

Птица направи испад во РЕК Битола

Катерина Ѓуровски