ВИДЕО: Извршителите наплатиле 90 милиони евра за 10 месеци

Од:

Од вкупните побарувања на доверителите, извршителите за десет месеци наплатиле 90 милиони евра. Комората на извршители забележува дека со последните законски измени што стапија на сила во почетокот на 2017 година во корист на доверителите наплатени се 50 милиони евра помалку.

„Со новиот Закон за извршување се овозможи за загрозените категории на граѓани да се намалат трошоците и до 70 отсто во однос на стариот закон, понатаму социјалните случаи се изземени од плаќање на извршни трошоци кај извршителите, а исто така Министерството за труд и социјална политика и КИРСМ склучија Меморандум за соработка со кој на извршителите им овозможија пристап кон базата на податоци на социјални случаи, а со цел да не се преземаат извршни дејствија и да не се оптоварува буџетот на таквата ранлива категорија на граѓани. Комората меѓудругото забележува дека со донесување на такви законски одредби се наруши работата на извршителските канцеларии и во периодот од 2018 година за разлика од периодот од 2017 година, извршителите наплатиле во корист на доверителите помалку средства за околу 50 милиони евра“, рече Зоран Димов претседател на КИРСМ на денешната прес конференција.

Од комората информираа и дека ги следат незаконитостите во работењето на извршителите преку Дисциплинска комисија формирана во рамки на Комората и досега е суспендиран еден извршител а еден е разрешен од должноста.

Димов истакна и дека за 13 години постоење на извршителите тие наплатиле 1,2 милијарди евра и истите се вратени кај доверителите.

„Следејќи ги протестите одреден број на граќани сметаат дека сите средства по кои извршителите ги извршуваат по налозите им припаѓаат ним, не правејќи разлика меѓу главен долг, камата, нотарски, адвокатски и извршни трошоци“, рече Димов.

Би можело да ве интересира

Комората на извршители: Примената на Законот за извршување продолжува од 24 јули

Ана Ололовска

Влада: Нема да има присилна наплата за даночни долгови доспеани во мај и јуни

Ана Ололовска

Се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година

А1он

(ВИДЕО) Калеска – Ванчева: Со новиот Закон за извршување, износот од 1/3, се намалува на 1/5 од просечните примања

Ана Ололовска

Дескоска: Измената на Законот за извршување е одраз на реалната потреба

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Глигорова: За криминалот на извршителите ќе бараме одговорност и кај Вилма Русковска

Ана Василевска