ВИДЕО: Извршителите најавија отворени денови со граѓаните во неколку града

Од:

Комората на извршители на РСМ денеска најави дека редовно низ неколку града во земјава ќе организира „Отворени денови со граѓаните“ а за овие средби во основните судови ќе треба да се обезбедат простории каде секој граѓанин ќе има можност да се сретене со извршител и да се информира за постапката на извршување и своите права во истата.

„Зачестените протести од страна на граѓанските организации за работата на извршителите, односно воспоставениот систем на изврпување во РСМ не поттикнаа да организираме отворени денови за консулстација на граќаните за нивните права. Веќе идната среда во основниот суд во Струмица од 12 до 14 часот граќаните ќе можат да се сретнат со извршител и претставник за комуникација со јавноста и да разговараат за својот предмет и да се информираат за своите права. Остануваме отворени за сите прашања на јавноста зошто како Комора сметаме дека според Уставот и законите сите се днакви и како општество треба да водиме сметка за системот за владеење на правото“, рече Зоран Димов на денешната прес конференција во КИРСМ.

Детални информации за тоа каде и кога ќе се одржуваат овие средби, граѓаните можат да се информираат на официјалниот сајт на КИРСМ и на телефонскиот број објавен на страницата.

На прес конференцијата, Димов истакна дека надлежните државни институции треба да продолжат со континуирана соработка со Комората и со примена на системот на интероперабилност на податоци да се овозможи пристап и до сите други потребни регистри со заштита на должникот како граѓанин.

Барањата на групата граѓани која секој вторник протестира пред Министерството за правда и бара да се престане со блокирање на сметките и извршувањето да се врати во судовите, од Комората не ги коментираат и тврдат дека постоечкиот Закон за извршување е преземен од Холандија и претставува столб за правната сигурност на доверителите и на осигурување на финансиската дисциплина на должниците.

„Секогаш сме отворени да се сретнеме со претставници на граѓанските организации но за нивните барања треба да одлучат надлежните институции“, рекоа од Комората.

Би можело да ве интересира

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

Орце Костов

Нема спас од извршителите: Освен од банка, сега ќе може да им ги земат парите на граѓаните и од штедилница

Орце Костов