Извозниците на брашно од пченица и наполица ќе мора да остават 30% од производството за домашниот пазар

Од:

Владата донесе одлука за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица, со која на правните и физичките лица кои се извозници на брашно од пченица и наполица, во текот на еден месец да може во висина од 70 проценти од вкупно произведената количина на брашно од пченица и наполица во претходниот месец да ја извезуваат, а 30% да остане за потребите на домашниот пазар.

Ваквото ограничување ќе се спроведува по пат на издавање на дозволи од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки-ЕХИМ, под име на лиценца Е004 МЕ.

Извозникот на брашно од пченица и наполица е должен пред да поднесе барање за издавање на дозвола, во Министерството за економија ќе треба да достави доказ (финансова материјална картичка) за вкупно произведената количина и продадената количина на домашниот пазар на брашно од пченица и наполица.

На последната седница Владата донесе и Одлука со која на трговците на агруми свежи или сушени и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, им се забранува да вршат трговија на мало на крајни потрошувачи во објектите кои се наменети за трговија на големо на овие стоки (магацини, складови за трговија на големо, на пазарите за трговија на стоки на големо, како и во други деловни простории кои ги исполнуваат условите пропишани со закон и друг пропис).

Одлуката е врз предлог на Државниот пазарен инспекторат, бидејќи инспекторите констатирале дека на терен трговците на големо вршат манипулација и прикажуваат промет остварен во најголем дел од трговија на мало, а не од трговија на големо иако истите не располагаат со продажни објекти наменети за трговија на мало.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он