Извештај на Светска банка: Стапката на сиромаштија се очекува да порасне околу 20 отсто

Од:

Симулациите на Светска банка предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 отсто во 2019 до околу 20-23 отсто во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија.

Ова се вели во белешките кои го разгледуваат влијанието од Ковид-19 врз здравствените системи, сиромаштијата и добросостојбата на домаќинствата, образованието, социјалната заштита, пазарите на труд и управувањето со квалитетот на воздухот во земјите од Западен Балкан. Тие се дополнение на неодамна објавениот Редовен економски извештај за земјите од Западен Балкан бр. 17 на Светска банка.

-Комбинираните ефекти на пониските приходи од работа и пониските дознаки како резултат на Ковид-19 веројатно ќе ја зголемат сиромаштијата на нивото од пред 2017 па дури и од пред 2015 година зависно од времетраењето на кризата. Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија, стои во белешките.

Во извештајот Влијанието од КОВИД -19 КОВИД-19 врз сиромаштијата и добросостојбата на домаќинствата во Западен Балкан, се наведува дека пред пандемијата, сиромаштијата меѓу работниците во најпогодените сектори беше само 4 проценти, но оваа стапка се проценува да достигне околу 8 проценти во сценариото 1 и 15 проценти во сценариото 2.

-Влијанието на епидемијата веројатно ќе се разликува низ дистрибуцијата на приходите; приходите ќе паднат за околу 5 до 8 проценти кај оние во најнискиот квинтил и од 7 до 13 проценти или повеќе кај остатокот од населението. Исто така, повеќе од 75 проценти од оние што веројатно ќе паднат во сиромаштија сега не се покриени со ниедна програма за социјална заштита, се вели во белешките.

Покрај нашата држава, се даваат резултати по земји и за Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Косово. Симулациите покажуваат дека освен здравствените влијанија, значително би можела да се зголеми сиромаштијата и да се намали средната класа во сите земји.

Се препорачува властите да ги обезбедат основните услуги, сигурноста на снабдувањето со храна, на живеалиштето и основните социјални услуги за најранливите. Одговорите на политиките треба да ја заштитат живејачката и да го олеснат закрепнувањето за работниците во неформалниот како и во формалниот сектор.

Би можело да ве интересира

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија

Светска банка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 отсто, а во 2025 од 2,9 отсто

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Македонска економија годинава со раст од 1,8 проценти и инфлација од 9,1 отсто