Извештај на ММФ за 2019 година: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав

Од:

Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав, потврдено е во Извештајот за Република Северна Македонија за 2019 година, којшто го објави Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Објавувањето на овој извештај е финално заокружување на оцените од редовниот годишен преглед на македонската економија спроведен во ноември минатата година, според член 4 од Статутот на ММФ.

ММФ бележи дека Народната банка соодветно ги искористила поволните услови за зголемување на девизните резерви, притоа задржувајќи ја олабавената монетарна политика, преку понатамошно намалување на основната каматна стапка. Како клучни фактори коишто придонесуваат за олабавување на монетарната политика се издвоени ниската инфлација, солидниот раст на депозитите и поволните движења на девизниот пазар.

Банкарскиот систем, според оцените на ММФ, е здрав, добро капитализиран и ликвиден. Кредитниот раст е солиден, а нефункционалните пласмани и натаму се на релативно ниско ниво. Во Извештајот е истакнато и дека преземањето чекори за натамошно зголемување на денаризацијата на депозитите, заедно со внимателно осмислените мерки за намалување на девизното кредитирање на домаќинствата, доколку е тоа потребно, ќе придонесе за натамошно зајакнување на отпорноста на нашиот финансиски систем.

ММФ нагласува дека дополнителното зајакнување на рамката за финансиска стабилност и натаму е приоритет. Притоа е изнесена позитивна оцена за продолжувањето на активностите за зајакнување на супервизорската и регулаторната рамка, преземени во согласност со Програмата за детална проценка на финансискиот сектор (ФСАП) којашто беше спроведена во 2018 година. Како што заклучува ММФ, истовремено се подготвува и регулатива со којашто ќе се зајакне макропрудентниот мандат на Народната банка и ќе се овозможи подобро утврдување на системските ризици во банкарскиот систем.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра