Изменет возниот ред на „Железници“ поради ограничувањата за движење

Од:

Поради донесената одлука со која се ограничува движењето на цела територија на државата од денеска е изменет возниот ред со редуцирање на патничките возови и промена на времето на поаѓање кај некои од нив, информираат од „Железници на Република Северна Македонија“.

План за сообраќај на патнички возови во услови на ограничено движење измена ќе има на следните релациите:

Скопје – Битола – Скопје:

1. воз бр. 643 од Скопје со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Скопје во 13.49 часот,

2. воз бр. 644 од Битола со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Битола во 17.45 часот,

3. воз бр. 645 од Скопје со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Скопје во 17.25 часот,

4. воз бр. 640 од Битола со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +135 мин. со поаѓање од Битола во 05.30 часот,

Возовите бр. 641 и 642 ќе сообраќат по важечкиот возен ред.

Табановце – Скопје – Велес– Скопје – Табановце:

1. воз бр. 600 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +27 мин. со поаѓање од Велес во 05.30 часот, воз бр. 600 со поаѓање од Скопје по важечки возен ред,

2. воз бр. 2083 од Скопје со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Скопје во 20.39 часот.

Возовите бр. 601, 2080, 2081 и 2082 ќе сообраќат по важечкиот возен ред.

Табановце –Скопје – Гевгелија – Скопје:

1. воз бр. 611 од Табановце со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +10 мин. со поаѓање од Табановце во 05.20 часот, o воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по важечки возен ред,

2. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +64 мин. и поаѓање од Гевгелија во 05.30 часот.

Возовите бр. 631 и 632 ќе сообраќат по важечкиот возен ред.

Скопје – Кочани – Скопје:

1. воз бр. 651/650 по важечки возен ред,

Скопје – Кичево – Скопје:

1. воз бр. 660/661 по важечки возен ред,

Скопје – Табановце – Скопје:

1. воз бр. 2024 со променет возен ред, ќе сообраќа со поаѓање од Скопје по важечки возен ред само до Куманово, воз бр. 2024 ќе изостанува на релација Куманово – Табановце,

2. воз бр. 2020 со променет возен ред, ќе сообраќа со поаѓање од Куманово со задоцнување од +15 мин. и поаѓање од Куманово во 05.00 часот, воз бр. 2020 ќе изостанува на релација Скопје – Куманово,

Возовите бр. 2022 и 2023 ќе сообраќат по важечкиот возен ред. Воз бр. 2025 нема да сообраќа.

Овој План за сообраќај на патнички возови во услови на ограничено движење ќе важи до 22.03.2021 година.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

Орце Костов

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

Орце Костов

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Орце Костов

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

Орце Костов

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски