ИзиЏет очекува загуба од над една милијарда фунти во фискалната 2021 година

Од:

Британската нискобуџетна авиокомпанија ИзиЏет денеска соопшти дека очекува загуба од најмалку 1,135 милијарди фунти (1,54 милијарди американски долари) во фискалната 2021 година, поради ограничувањата за време на пандемијата на Ковид-19.

За фискалната 2021 година, која заврши на 30 септември и беше обележана со пандемија и ограничувања за патување, компанијата предвидува загуби од 1,135 милијарди фунти (1,54 милијарди долари) до 1,175 милијарди фунти.

Конечните деловни резултати, како што е најавено, ќе бидат објавени на 30 ноември.

Истовремено, тие ја зголемија процената на капацитетот за периодот од октомври до декември на 70 проценти од нивото пред пандемијата. Во септември беше предвидено дека тие ќе достигне 60 проценти.

Како позитивен пресврт се посочува закрепнувањето на побарувачката за одмор на топли дестинации во текот на зимата, како што се Египет и Турција, најавувајќи дека ќе имаат повеќе летови до Канарските Острови во октомври отколку во претпандемијата 2019 година.

Тие, исто така, укажуваат на поголема побарувачка за службени патувања.

– Очигледно, закрепнувањето е во тек, истакна извршниот директор Јохан Лундгрен.

Велика Британија неодамна ги ублажи правилата, укинувајќи некои тестови, што помага во обновувањето на резервациите, нагласува ИзиЏет.

Тие додаваат дека се уште не можат да дадат насоки за фискалната 2022 година, бидејќи им е тешко да прогнозираат на долг рок, бидејќи, како што велат, клиентите резервираат летови поблиску до датумот на патување.

Компанијата, исто така, објавија дека нема да препорачаат исплата на дивиденда за фискалната 2021 година.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо

„Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар, стартува новата авиолинија Скопје-Франкфурт

Ана Ололовска