Изградбата на „Турски поток“ ќе почне во 2017 година

Од:

Турција ги издаде сите потребни дозволи за изградба на „Турски поток“, соопшти денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак, напоменувајќи дека работите за поставувањето на  цевките на гасоводот ќе почнат во 2017 година.

– Се предвидува изградбата да биде завршена кон крајот на 2019 година. Сега се вршат подготвителните активности. Прво задолжителните работи, техничко-економските обврски и проектно-законската документација, а потоа ќе започне изградбата на гасоводот во 2017 година, објасни Новак.

Како што јави ТАСС, Новак потсети дека руско-турскиот Меѓувладин договор за изградба на гасоводот беше потпишан на 10 октомври и дека тој ги определува условите за реализација на проектот.

– Големината на попустот во цената на рускиот гас за потрошувачите во Турција ќе биде определен во преговорите, истакна Новак и дополни дека тоа не е поврзано со потпишувањето на меѓувладиниот договор.

Претседателот на Русија Владимир Путин при посетата во Турција изјави дека „Газпром“ ќе направи отстапка од цената на горивото за Турција.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Гасификацијата станува реалност, завршени се градежните работи на гасоводот Неготино-Кавадарци-Битола

Владата одобри да се донесе законско решение за репрограмирање на кредитните услови за заемот за гасификација

А1он

ВИДЕО: Македонија официјално се вклучува во проектот Александруполи

Ана Ололовска

Вучиќ утре ќе го отвори гасоводот „Турски тек“ во Србија

Бочварски: Гасификацијата на сите општини ќе чини околу 350 милиони евра

Битиќи – Реџепи: Гасификацијата се одвива по предвидената динамика

Ана Ололовска