Избор на најдобро младо домашно вино

Од:

Голем е интересот за натпреварот за најдобро младо вино произведено од домашни производители,  информира денеска организираторот  Здружението на винари на Македонија со седиште во Кавадарци.

Во тек е дегустација и оценување на пристигнатите мостри, а прогласувањето на најдобрите вина ќе биде утре, како дел од манифестацијата Beaujolais nouveau, која втор пат ја организира Здружението.

Според секретарот на Здружението Елена Богева, годинава пристигнале двојно повеќе мостри од минатата година што  покажува дека интересот за манифестацијата е голем.

– Пристигнаа 44 мостри на вина и тоа не само од Тиквешијата туку  од цела Македонија, од Битола, Скопје, Велес, Свети Николе, Струмица и други градови, што посебно не радува, рече Богева.

Претседателот на Здружението Игно Тасев објасни дека славењето на младото вино се празнува од 1937 година и започнува во минута по полноќ секој трет четврток во ноември, или на 19 ноември.

– Оваа година Здружението во соработка со Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип,  формираше комисија составена од винари-енолози, која  ги дегустира, оценува  и наградува  најдобрите млади вина од домашни производители, рече Тасев.

Најдобрите бели и црвени вина ќе бидат наградени, а сопствениците на помалку добрите, ќе добијат препораки од стручни лица како да го подобрат квалитетот и на што треба да внимаваат во иднина, за со право да го носат епитетот мајстори за производство на традиционално домашно вино.

Дегустацијата е во просториите на Земјоделскиот факултет. Сите заинтересирани требаше да наполнат од своето вино од домашните бочви, буриња или цистерни како мостра. Бројот на мострите кои можеа да ги донесат беше неограничен.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор