Ивановски на Светскиот ден на телекомуникациите во Женева

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе учествува на одбележувањето на Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество, што ќе се одржи во Женева. Организатор е Меѓународната телекомуникациска унија (ITU).

Целта на годинашната средба е да се помогне во подигнувањето на свеста дека употребата на интернетот и другите информатички и комуникациски технологии можат да влијаат на развој на економиите и општествата во целина, а ќе се разгледуваат и начините за надминување на дигиталниот јаз.

Оваа година главна тема ќе биде широкопојасниот интернет за одржлив развој. Главен акцент ќе биде ставен на глобалната заложба за постигнување универзален пристап до широкопојасен интернет, како и да се поттикне политичката волја за постигнување на оваа цел. Ќе се разгледуваат и технолошките решенија за пристапот на широкопојасниот интернет во руралните средини, во најмалку развиените земји и малите островски земји во развој.

Министерот Ивановски ќе оствари средби со генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија Хамадан Туре и со заменик генералниот секретар Хоулин Жао, искористувајќи ја можноста да ја презентира кандидатурата на Република Македонија за членство во Советот на ITU. Тема на состаноците ќе бидат и заложбите на Република Македонија во воспоставувањето на CERT (National Cyber Emergency Response Team).

Добитници на наградите во рамки на одбележувањето на годишнината на ITU се претседателот на Руанда Пол Кагаме, претседателот на Република Кореја Парк Геун Хју и Карлос Слим.

Светскиот ден на телекомуникациите се прославува секоја година на 17 мај, почнувајќи од 1969 година, по повод одбележувањето на основањето на Меѓународната телекомуникациска унија и потпишувањето на првата Меѓународна телеграфска конвенција во 1865 година.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

Орце Костов

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

Орце Костов