Италија: Деблокирање на 400 милијарди евра за помош на фирмите погодени од последиците на Ковид-19

Од:

Италијанската Влада синоќа донесе одлука за деблокирање на 400 милијарди евра за да им се помогне на деловните субјекти да се справат со епидемијата на коронавирусот.

Средствата ќе бидат наменети за сите фирми – големи, средни и мали.

– Двеста милијарди ќе бидат наменети за внатрешниот пазар и 200 милијарди ќе бидат наменети за поддршка на извозот, рече премиерот Џузепе Конте синоќа на прес-конференција.

Средствата ќе се користат за јавни гаранции за заеми. Во комбинација со стимулативниот пакет објавен во март, тие ќе им овозможат на банките да продолжат со заеми во вредност од повеќе од 750 милијарди евра за да спречат колапс на третата најголема економија во еврозоната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим