Истражување на ИПСОС: Европејците не веруваат во подобра 2014 година

Од:

Речиси 75% од граѓаните на ЕУ мислат дека 2014 година ќе биде економски полоша од 2013. Дури 25% меѓу нив се „екстремни песимисти“ и се убедени дека ги чекаат многу лоши времиња.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека најголеми оптимисти се Шпанците, а најголеми песимисти – Французите.

Иако Шпанците се народ на кој по сите статистики не му се пишува добро, парадоксално се најголеми оптимисти. Мадридскиот весник „Паис“ не може да се изначуди дека дури 40% од Шпанците очекуваат дека економската ситуација ќе се поправи во рок од една година.

Сите останати анкетирани нации, Полска, Германија, Италија, Франција, Велика Британија се помалку склони кон верување дека кризата ќе помине, без оглед на тоа што нив не ги погоди со иста жестина како Шпанија.

Мнозинството граѓани на Италија и Франција, пак, не веруваат во мерките кои ги презенаат националните влади, ниту пак на Брисел. Тие одговараат дека од нивните власти не може да се очекува никаква паметна идеја и дека тие со своите погрешни политики го загрузуваат општеството.

Опаѓа и позитивното мислење за Европската унија, иако 52% мислат дека членството во европското семејство е предност. Германците и Британците ЕУ ја гледаат како препрека за нивниот напредок, додека Италијанците се разочарани во Брисел зашто им наметува ригорозни мерки за штедење, кои според нив водат во ќорсокак.

Истражувањето на ИПСОС е направено во текот на април, за потребите на неколку европски дневни весници.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски