Источна Германија сè уште има помали плати од Западна

Од:

Работниците во поранешна Источна Германија во просек заработуваат стотици евра помалку месечно од нивните колеги во западниот дел на земјата, иако поминаа три децении од повторното обединување на Германија, покажува официјалната статистика.

Бруто-платите за вработените со полно работно време во западните покраини и Берлин, без посебните плаќања над нормалните плати на вработените, во просек изнесуваа 4.237 евра месечно во третиот квартал од 2021 година. Во петте источногермански покраини, бруто-платата изнесува 3.442 евра.

Партијата на левицата, која исто така побара објавување на податоци, се залагаше платите да бидат еднакви во целата земја до 2025 година.

„ Во секоја источно германска провинција луѓето заработуваат помалку отколку во која било западна“, рече Дитмар Барч, лидер на парламентарната група на Левицата.

„ Јазот во платите е сè уште голем, нешто помалку од 900 евра… Еднаква плата за еднаква работа, тоа е она што ќе ги намали оправданите фрустрации“, рече Барч.

Податоците покажуваат значителни разлики, не само меѓу регионите, туку и меѓу секторите, но и меѓу жените и мажите.

Некои експерти посочуваат дека, поради разликата во трошоците за живот, која е помала во Источна Германија, разликата во куповната моќ не е толку голема како што покажуваат разликите во платите.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски