Истанбул има поголем БДП од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија заедно

Од:

Најголемиот турски град Истанбул има Бруто домашен производ (БДП) вреден 256 милијарди долари, а осум балкански земји заедно имаат 253 милијарди долари, покажува истражување на Институтот за Блискиот Исток во Вашингтон.

Сонер Чагаптеј, директор на турската истражувачка програма на Институтот, објави на Твитер дека бруто домашниот производ во Истанбул е повисок од оној во Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора заедно.

Според податоците на Светската банка, БДП на Турција минатата година изнесувал 740 милијарди американски долари, а за илустрација, овој индикатор во БиХ во 2018 година бил 20,2 милијарди американски долари.

Истанбул има население од 15,5 милиони, а осумте земји заедно имаат вкупно 28,6 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) По експлозијата во ноќен клуб во Истанбул, се зголемува бројот на загинатите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски