Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 1.447 лица исплати 11,3 милиони денари. Парите ги добија фармери кои имаат мали земјоделски стопанства со големина од 0,2 до еден хектар.

Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, финасиската поддршка за производен капацитет од 0,2 до 0,5 хектари изнесува 6.000 денари, додека за производни капацитети од 0,5 до еден хектар, поддршката е 12.000 денари.

Изминатиот период, Агенцијата ги исплати субвенциите за полједелците, градинарите, лозарите и овоштарите, одгледувачите на овци и говеда.

-Ќе продолжиме со редовна исплата на субвенциите за сите што законски стекнале право за користење финансиска поддршка. Праксата за навремена и неселективна реализација на субвенциите продолжува. Парите се префрлаат во период кога на земјоделците им се најпотребни, пред почеток на новата реколта, наведува Платежната агенциа и додава дека оваа Влада од почетокот на мандатот до денеска, исплати околу 381,6 милиони евра финансиска поддршка за развој на агро секторот.

Би можело да ве интересира

Димковски: Субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени

Ана Ололовска

Исплатени субвенциите за произведено и предадено млеко

Ана Ололовска

До утре е рокот за субвенции до 20 илјади евра за млади земјоделци

Ана Ололовска

Исплатени субвенциите за заклани несилки во регистриран кланичен капацитет

Ана Ололовска

ВИДЕО: Близу 120 илјади работници се корисници на мерката за субвенционирање придонеси за раст на плата

Ана Ололовска

Одобрени средства за субвенционирање на бесплатниот градски превоз за редовните студенти

Драган Поповски