Иселените од источниот регион бараат редовна просечна плата од 500 евра за да се вратат

Од:

Ниските и нередовни плати, високата невработеност и партизацијата и отуѓеноста на институциите од граѓаните се главните причини поради кои околу 20 отсто од населението во Источниот плански регион заминало во странство.

Такви се податоците од истражувањето што го спроведе здружението ИНИ – Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница, во рамки на проектот „Актуелизирање на миграцијата и емиграцијата од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево“, а што се реализираше со поддршка од Civica mobilitas.

На прес-конференција беа изнесени резултатите од спроведената анкета според која иако повеќе од половина од иселените лица биле вработени пред да заминат, поради малите плати, притисоците и дискриминацијата на работното место морале да емигрираат. Сепак, дел од нив изразиле подготвеност да се вратат доколку просечната плата достигне 500 евра по вработен, а органите на власта да исполнат одредени услови.

– Нашите иселеници бараат средби двапати годишно со градоначалниците, при што локалната администрација да ги обезбеди сите информации за банките кои ќе дадат кредитни линии, за мерките од Агенцијата за вработување, од Агенцијата за поддршка на земјоделството и слично. Исто така, бараат да им се овозможи преку аташеата и амбасадите да аплицираат за мерките што ги нуди Владата и другите институции, при што тие мерки да бидат достапни во текот на целата година, истакна Тодор Цонев, од Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци – Виница.

Истражувањата со проектот на Здружението ИНИ покажале дека иселениците би се вратиле и доколку општините помогнат во подобрувањето на економскиот амбиент со нудење локации и инфраструктура за бизниси.

Во спроведената анкета стои и дека за да се вратат дома тие очекуваат департизација на институциите и владеење на правото, а најнакрај и збогатување на културниот живот во регионот од кој се иселиле.

Би можело да ве интересира

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Околу 20.000 вработени не добиле плата за ноември лани

Бројот на вработени во ТИРЗ достигна 18.000, бруто платата надмина 60.000 денари

Орце Костов