Инвестициската група Trafigura Group влегува во проектот за бакар и злато Иловица – Штука

Од:

Инвестициската група Galena Resource Equities Limited („Galena“), која е подружница на Trafigura Group купи 20 проценти од акциите од Еуромакс Ресорсис, вложувајќи четири милиони долари свеж капитал. Износот од инвестицијата ќе се користи за континуиран развој на рудникот за злато и бакар Иловица-Штука и за општи корпоративни цели на компанијата.

– Со влезот на свеж капитал во Еуромакс Ресорсис, компанијата што ја поседува концесијата за проектот за развој и злато Иловица–Штука, инвеститорите јасно порачуваат дека веруваат во добрата бизнис клима и потенцијалите за развој на Македонија, во интерес на локалното население, а согласно највисоките принципи за заштита на животната средина, се вели во соопштението од Еуромакс Ресорсис.

Во него се додава дека Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), продолжува да биде значаен акционер поседува над 19 проценти од проектот, а присуството на оваа реномирана институција дополнително гарантира почитување на високите стандарди за заштита на животната средина, согласно македонската и европската регулатива. ЕБРД ја покажува својата континуирана поддршка на овој проект, докажувајќи го тоа со согласност за зголемување на времето за враќање на заемот.

– Компанијата одлучи да се откаже од употребата на цијанид, употребувајќи модерна рударска технологија, а преку работата на рудникот ќе придонесе за развој на економијата што ќе резултира со раст на бруто домашниот производ од три проценти на годишно ниво, се додава во соопштението.

Компанијата смета дека ги има доставено сите неопходни документи што произлегуваат од концесијата, а кои можеле да бидат доставени, како пто истакнуваат оттаму, имајќи предвид дека одредени процеси доцнеле поради политичката криза во Македонија и ограничената моќ на одлучување на техничката Влада.

Galena Asset Management S.A. е инвестициска гранка во целосна сопственост на Trafigura Group, водечка светска трговска фирма за стоки, и е овластена и регулирана од страна на Швајцарската агенција за надзор над финансискиот пазар (FINMA). Повеќе од една деценија Galena работи на финансиските и стоковите берзи, овозможувајќи им на водечките институционални инвеститори пристап до можностите за инвестирање заедно со Trafigura Group преку фондови или управувани сметки. Специјалистите за управување со портфолиото на Galena имаат изградено значително искуство во индустријата за метали, минерали, нафта, превоз и инфраструктура. Galena делува независно, но црпи придобивки од односот со Trafigura, нејзиниот главен инвеститор.

Би можело да ве интересира

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска