Invest North Macedonia: За раст на македонските компании е неопходен поголем извоз, Србија огромен потенцијал

Од:

Околу 20 отсто од потрошувачите во Србија купуваат македонски производи, најчесто вино, ајвар и свежо овошје и зеленчук, покажа истражувањето на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Извештајот од Истражувањето на ставовите и перцепцијата на потрошувачите во Србија за македонски производи за широка потрошувачка достапни на српскиот пазар денеска го презентираше директорот на Агенцијата Дејан Павлески пред претставници на компаниите од прехранбениот сектор при Стопанската комора на Северна Македонија.

-Истражувањето е направено на повеќе од 1000 испитаници, со цел согледување на пазарот во Србија од повеќе аспекти, за да се извлечат релеванти и корисни заклучоци кои ќе послужат за формулирање на препораки за унапредување на извозот на македонските компании од прехранбениот сектор (преработки од храна, свежо овошје и зеленчук, кондиторски производи, месо и млечни производи и вино) во Србија. Србија е традиционален пазар со кој имаме добра соработка, поради географската положба и добрата патна инфраструктура. Истражувањето за производи за широка потрошувачка за српскиот пазар е спроведено пред два месеца, наведува Агенцијата.

Трговската размена со Србија во 2020 година е 860 милиони евра и 656 милиони евра оваа година.

-Иницијативата на Агенцијата за изработка на ова истражување претставува појдовна основа што ќе им послужи на компаниите за изработка на нови стратегии за извоз, со голем ефект во домашната економија, истакна директорот Дејан Павлески.

Според истражувањето, потрошувачите во Србија го препознаваат квалитетот на македонските производи кои се присутни и добро позиционирани во големите малопродажни ланци. Најмногу преферираат овошје и зеленчук од домашно производство, но во поглед на земјите од каде перципираат дека доаѓа најквалитетно овошје и зеленчук, на прво или второ место се спомнува Северна Македонија.

-Од категориите кондиторски производи, солени грицки и здрава храна, веќе има присутни македонски брендови на пазарот, за кои покрај квалитетот за српските потрошувачи важна е и цената, но за унапредување на нивната продажба треба да се работи на промоција. Месните и млечни производи од македонско потекло на српскиот пазар се помалку застапени, велат од Агенцијата.

Резултатите од истражувањето на пазарот во Србија, Агенцијата во четврток, 18 ноември, ќе ги презентира пред компаниите производители на вино.

Би можело да ве интересира

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ

Извоз од 1,441 милијарда долари во првите два месеца од годинава

Зголемени увозот и извозот на земјоделски производи на ЕУ

А1он

Германскиот извоз се очекува да опадне во следната 2023 година

А1он

Србија го забранува извозот на дизел горивото до крајот на месецот

А1он