Интернет плаќање даноци со безготовинска картичка

Од:

Електронско плаќање даноци со безготовинска картичка, е новата услуга на Управата за јавни приходи (УЈП) која овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање на персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса со безготовинска картичка Виза, Маестро или Мастеркард (издадена од домашна банка).

Регистрацијата на „е-Плаќање на даноци“ е бесплатна, не е потребен дигитален сертификат. Граѓанинот само треба да креира кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ на https://etax.ujp.gov.mk.

– Услугата „е-Плаќање на даноци“ овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите он-лајн преглед и плаќање на вашите даночни долгови за персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса. Единствено што треба да направите е да се регистрирате и да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“, информира УЈП.

Покрај електронско плаќање даноци, со регистрацијата и користењето на оваа услуга, граѓанинот може да врши преглед и во секое време да има увид во состојбата на даночните долгови.

Новата услуга за интернет плаќање на даноци е автоматски овозможена за 23.328 даночни обврзници – физички лица кои се веќе регистрирани корисници на електронските сервиси на УЈП со или без дигитален сертификат (е-Радиодифузна такса, е-Поднеси даночна пријава).

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов